Со глава ли ја скршил клупата среде Скопје?

До кој степен може да дојде вандализмот во градот покажува и судбината на оваа клупа во центарот на градот, блиску до спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“. Клупата на која често седнуваа скопјани од неодамна е парчосана. Кој и зошто го направил ова се уште е непознато а, најверојатно, ќе остане така со оглед дека вандалите тешко се откриваат и казнуваат од надлежните.

Останува и непознато дали вандалот ја скршил клупата со глава, како специјалец керамида…

Но, полицијата и другите надлежни треба да го бараат не за да му ја преврзат главата, туку да му ги врзат рацете. А дотогаш, вандалот ќе си „размислува“ со своја глава.

Претходна вестОблачно со сончеви периоди, температура до 30 степени
Следна вестКако Шилегов стигна до рекордите со зеленило во градов?