Професорот и познат економист Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е за фалење фактот што просечната плата достигнала 40.000 денари не значи ништо во поглед на фактот што драстично е намалена куповната моќ. Тој на социјалната мрежа Икс напиша дека СДСМ го урнисала денарот со огромна инфлација:
„СДСМ се фали дека со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40.000 денари. Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25%, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 г. со 1.000 денари сме можеле да купиме 4 килограми пилешко, во декември 2023 г. со истата илјадарка можевме да купиме само 3 кг пилешко. Ако, не дај Боже, СДСМ продолжи со истите политики, нé чека ова“, напиша Славески.
СДСМ се фали дека со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40.000 денари.
Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25%, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 г. со 1.000 денари сме можеле да купиме 4… pic.twitter.com/MDUVRSPICN— Trajko Slaveski (@TSlaveski) February 24, 2024