Од 30 август па до крајот на септември власта ќе ја води кампањата „Ние сме Европа“ која ќе чини 80.000 евра, а преку која што на граѓаните ќе им се претставуваат придобивките и неопходните реформи за членството во Европската Унија.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска информира дека караванот ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика.
-Првиот настан е во Скопје на 30 август и ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски. Активистите ќе значат средби со граѓански организации и целни групи со кои сакаме да ги дискутираме европските вредности. Во секој град истиот ден ќе има и трибина отворена за присуство на сите граѓани. Целта е да се претстават придобивките од брзото членство во ЕУ, неопходните реформи и начините како членството во ЕУ ќе го зајакне идентитетот, додаде Маричиќ.
Функционерите ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања од граѓаните.
-Членството во ЕУ носи можности и да придонесе за сериозен развој. Последните пораки од високите европски претставници се јасни и прецизни. Нам ни останува да работиме со граѓаните. Интеграцијата во ЕУ не само што ги засилува реформите туку ја чува традицијата, рече тој.
За оваа цел е снимен и спот.