Со многуте скапи службени возила ли ќе се пренесуваат пациентите?

Струмичката општа болница денеска би требала, така е ветено, да добие санитетското комбе за да може да ги транспортира пациентите кои се во тешка состојба. Со досегашните две амортизирани возила тоа веќе станало невозможно.

Но, остана впечатокот дека проблемот немаше да се актуелизира доколку немаше невообичаена објава на Фејсбук на директорот на болницата Наќе Гогов за собирање на донации да се набави возило. По објавата која потоа беше повлечена, од причини кои му се познати на директорот, претставници на власта соопштија дека ќе се набави едно санитетско возило од оние кои се веќе обезбедени и треба да стасаат во декември.

Но, сигурно, и со ова проблемот нема да може да се реши. Потребите по санитетски и возила за итма медицинска помош, како во Струмица така и во други македонски општини, се многу поголеми. Сега на виделина излезе дека во Македонија има вкупно 183 вакви возила, а од 90 здравствени установи, само 47 кажале дека имаат вакви возила. Просечната старост им била единаесет години, а тринаесет отсто од нив се произведени минатиот век. Значи, повеќе од половина од здравствените установи во земјава немаат амбулантски и санитетски возила!?

Во исто време, на виделина излезе и тоа дека наспроти ова министерствата, општините, државните агенции, фондови, претпријатија располагаат со повеќе од 2.600 службени автомобили. Тоа значи дека на секое 15 службено има едно амбулантно возило, а гледаме дека постојано се купуваат се поскапи и поскапи слубени возила… 

Не знаеме, може планот им е со скапите Мерцедеси да се возат пациентите до болници.

Претходна вестЗа спречување на загадувањето нема политичка волја, нема средства, но и знаења
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Бројот на починати надмина 1000 лица, Филипче да си поднесе оставка