Државјанин на Турција е приведен на Граничниот премин Делчево, поради поседувањето туѓа патна исправа.
МВР соопшти дека се работи за Б.Ф.(55) кој вчера во 17:30 часот на Граничен премин Делчево при пасошка контрола приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина.
55-годишниот турски државјнин е приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.