Со пасош од роднина турски државјанин сакал да ја напушти земјава

Државјанин на Турција е приведен на Граничниот премин Делчево, поради поседувањето туѓа патна исправа.

МВР соопшти дека се работи за Б.Ф.(55) кој вчера во 17:30 часот на Граничен премин Делчево при пасошка контрола приложил туѓа патна исправа, од лице кое е негов роднина.

55-годишниот турски државјнин е приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.

Претходна вестНа 29 октомври се отвора нов мол „Ист Гејт“- дали ќе добиеме некој нов саемски простор?
Следна вестМНР: Споменикот на бугарските војници не е оштетен, се е шпекулација