Вооружен грабеж е извршен вчера сред бел ден во продавницата во централната скопска улица „Македонија“. Порталот Скопје1 објави снимка од грабежот од која се гледа младо момче со кацига и ракавици како ограбува продажен салон на познат бренд и одзел повеќе часовници.
Од снимките кои ги поседува порталот се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото каде се случил грабежот.
Снимено е и како лицето преку плоштадот „Македонија“, се упатува кон Кејот, односно Камени мост.
-Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјавија од МВР за овој медиум.