Со „Порше“ шверцувал шест мигранти, бегајќи од полицијата удрил во канделабра

Полицијата на автопатот „Пријателство“ во близина на Гевгелија го приведе 24-годишниот Ќ.Ш. од Студеничани бидејќи во своето возило „Порше“ превезувал шест мигранти од Кина.

-На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.

-Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.

Фото: Илустрација

Претходна вестВладиниот врв го промовира пред две години, а сега ТИРЗ го раскина договорот за изградба на фабрика за електрични автомобили „е.ГО“ во Тетово
Следна вестДејан Георгиевски не обезбеди норма за ОИ во Париз и нема да го брани среброто од Токио