Со старите лични карти македонските граѓани може да патуваат и во БиХ

Македонските граѓани ќе може да патуваат во Боска и Херцеговина и со старите лични карти. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово информираше дека остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на РС Македонија со лична карта.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на РС Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.

Претходна вестМалолетник од Скопје украл автомобил во Гостивар, па бил приведен
Следна вестРусија по изјавите на Макрон: Директен конфликт со НАТО е неизбежен, ако…