Со закачалка и тупаници снаата натепана од сопругот и свекрвата, поднесено е обвинение

Обвинение против мајката и синот, кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик е поднесено од страна на Основното јавно обвинителство Гостивар.

-Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи ѝ телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција, се вели во соопштението на обвинителството.

Претходна вестАЕК ги додели одобренијата за 5Г мрежата, нејзиното зрачење е далеку помало од 4Г
Следна вестЈСП „Скопје“ воведува нови автобуски линии Радуша – Сарај, Карпош 3 – Жданец, Хиподром 2 – Клинички центар „Мајка Тереза“