Со 82 гласа „за“ и ниту еден против пратениците го донесоа Законот за забрана за нефер трговски практики. Законот, според очекувањата на надлежните, треба да стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и да воведе ред во на цените во малопродажба.
Но, првите ефекти од ова законско решение ќе се почувствуваат дури наесен бидејќи производителите и трговците имаат рок од 6 месеци за да ги усогласат договорите. За непочитување на Законот предвидени се парични казни од 20.000 евра. Допочнителни надлежности добива и Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Но, надлежните уверуваат дека општествено одговорни компании одлучиле да ја задржат гарантиранта цена до 15 мај, откако владината мерка заврши на 1 март. Вицепремиерот Битиќи вели, ова е законско решение кое прво од ваков вид во Европа.
-Секако законот е системско решение, решение кое сме го немале, го нема никаде во Европа, е ново решение според ЕУ директивите и сметам дека конечно ќе значи правиот пат, изјави Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања.
Министерството за економија сега треба да ја донесе листата од над 2.600 производи чија маржа се замрзнува на 10%. Меѓутоа, пред листата да стапи во сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора, но и од Организацијата на потрошувачи.
Експертите велат, законот е повеќе од потребен и се носи прилично доцна.
Два маркети во Скопје и Битола беа затворени минатата недела поради тоа што на ден пред да заврши владината мерка за гарантирани цени одлучиле да ги покачат.