Сојуз на борци од НОАВМ-Скопје: Изненадени сме од неодмерените квалификации на Заев

Не можеме да го прифатиме оваа омаловажување на нашата борба и не можеме да прифатиме ревизија на општо прифатената оцена за Втората светска војна, соопшти денеска Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ – Скопје како реакција на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција „Бгнес“.

-Изненадени сме од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум. Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – НОБ, се чувствуваме навредени од омаловажувањето на нашата борба. Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна. Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови, се наведува во реакцијата.

Претходна вестТежок пораз на РК Вардар во Полска
Следна вестБранко Црвенковски до СДСМ: Да се свика ЦО на партијата за оградување од ставовите на Заев, до тогаш го замрзнувам членството во партијата