Сојуз на борците од НОБ од Гази Баба, Петровец и Илинден: Бришење на букви и менување на споменици ќе значи сквернавење

 

Секој акт на бришање букви и менувања на спомениците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија ќе го сметаме за сквернавење на истите и на македонската историја. Ова е став на боречките организации од Гази Баба, Петровец и Илинден. Тие вчера одржале состанок на кој го усвоиле предлогот на Декларацијата која ќе биде предложена на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945, за нејзино усвојување.

-Будно го следиме случувањата во државата и посебно се грижиме за зачувување на споменот на НОАВМ. Не загрижува несоодветната грижа од надлежните за спомените и спомениците од НОВ, но и несоответната застапеност на теми од НОАВМ во образовните програми, ни изјави Трајче Георгиевски, претседатетел на Сојузот на борците на општина Гази Баба.

Во предложената Декларација се наведува дека некакви компромиси за членство во ЕУ не треба да се прават на штета на нашиот идентитет, јазик, самобитност и историја.

Никој, па ни Бугарија, да не се меша во внатрешните работи на наша земја, сврзани со историјата, етничките чувавства, јазикот и слично. Сојузот на борците треба да биде консултиран за секоја одлука или решение за промена на било што сврзано со НОАВМ. Поради недоволната грижа за спомениците бараме одржувањето на спомениците целосно да се довери на Сојузот на борците од НОАВМ и подржувачите, се наведува во предлогот на Декларацијата.