Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер, ноќта кон вторник ќе има невреме

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 28 до 38 степени.

Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Температурата изутринава изнесуваше 18, преку ден ќе се искачи до 36 степени.

Претходна вестПерински: Општините да спремаат проекти, јавен повик за 250 милиони евра за капитални инвестиции во септември
Следна вестАмбасадорот Марковски ќе реферира во МНР за спорниот попис во Албанија