Сончево и потопло со умерен ветер

На подрачјето на Македонија во утринските часови ќе има појава на магла долж Повардарието. Во текот на денот сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движеше од 9 до 14 степени, а дневната ќе биде помеѓу 22 и 25 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност, во текот на денот сончево со умерен до засилен југоисточен ветер.

Температурата изутринава изнесуваше 10 степени, а преку ден ќе се искачи во 25 степени.

 

Претходна вестНаставата во Гази Баба ќе започнува со химната на Република Македонија
Следна вестПочина пациентка затруена на домашниот ручек, истрагата ќе покаже како пестицидот „Метомил“ се нашол во питата со праз