Сончево и релативно топло

Утрото свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура се движеше од 8 до 11 степени, а дневната ќе биде меѓу 20 и 30 степени.

Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер.

Температурата изутрина изнесуваше 8 степени, а преку ден ќе достигне 29 степени.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај денес и во среда во Скопје
Следна вестСтартува грејната сезона во Скопје