Сончево и топло со мала до умерена облачност

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне претежно во северните и источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура се движеше од 8 до 14 степени, а дневната ќе биде од 18 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец.

Температурата изутринава изнесуваше 10, а преку ден ќе достигне 27 степени.

Претходна вестOд струен удар загина 65-годишен маж во Кисела Вода
Следна вестСе слават Светите Кирил и Методиј кои старомакедонскиот словенски јазик го направија првиот книжевен јазик на сите Словени