Во текот на денешниот ден времето во Скопје и околината ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степени.
Во останатите делови од Македонија, времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност. Минималната температура ќе биде 1 степен а максималната 22, велат од УХМР.