Сончево и топло, утре облачно со дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.

Во Скопје променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 17 до 26 Целзиусови степени.

Претходна вестПретреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори
Следна вестОдбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром