Сончево и топло време, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува период на сончево време со пораст на температурите

Претходна вестВтор ден од фестивалот „Крај Вардарот џез“
Следна вестЦрвениот крст организира изложба на фотографии по повод 26 јули