Претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите денеска за скопското подрачје. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.
На подрачјето на целата зема во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
За време на овој викенд на повеќе места ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.