Сончево, облачно, дождливо…

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 9 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе изнесува 5 додека дневната ќе достигне 18 степени.

Претходна вестАлкалоид ја доби скопската пресметка со Пролет
Следна вестНароден херој: На 14 години Фана Кочовска станала партизанка, јуришала на бункери…