Сончево, попладне со краткотраен дожд

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови се очекува и на дугите подрачја во земјава . Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умeрена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни.

Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на седмицата.

Претходна вестСо „Спиењето на Макс Рихтер“ и „Зборувај за да те видам“ стартува 11-от „Македокс“
Следна вестСе обиделе да украдат музички инструменти од Горан Алачки, полицијата ги спречила