На подрачјето на Македонија денеска претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура се движеше од 1 до 9 степени, а дневната ќе биде од 10 до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата изутринава изнесуваше 6, а преку ден ќе се искачи до 15 степени.