На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува.
Утринската температура се движеше од -3 до 3 степени, а дневната ќе биде од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла и тивко, попладне маглата ќе се намалува.
Температурата изутринава изнесуваше – 2, а преку ден ќе достигне 10 степени.