Сончево со мала облачност и умерен ветер

Времето на скопското подрачје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 19 степени.

Слично време се очекува и на останатиот дел од Македонија при што дневната температура ќе се движи од 17 до 24 степени.

Утре и в сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.

Претходна вестМаски на отворено: Прошетка на мајка со бебе, без маска, е рекреација или треба казна?!
Следна вестВакцините за грип пристигнуваат следната недела, ќе чинат 150 денари поскапо од лани