Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер.
Попладне во делови од котлината ќе има зголемена облачност. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.