Сончево со мала облачност, попладне локален пороен дожд и ветер

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во источните и особено во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе се движи од 24 до 30 степени. УВ=6

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. а од крајот на денот со услови за нестабилност со пороен дожд и услови за грмежи. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 28 степени.

Претходна вестАртан Груби во контрола дали се штеди струја: Синоќа имаше светло само на претпоследниот кат на Министерството за екологија
Следна вестПукање во Чаир, повреден полицаец