Сончево со мала облачност, температурата до 33 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ова е предвидувањето на метеоролозите да денеска. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Претходна вестИ Италија забрани влез за државјани на Македонија
Следна вестГи казнија ли вандалите што уништуваа видиковци, клупи…, се размислува ли за чуварски служби?