Сончево со малку облаци

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 24 до 34 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата изутрина ќе изнесува 14, а преку ден 32 степена.

Претходна вестМладинците на Канатларовски победија против Малта
Следна вестНа воз кај Демир Капија од струен удар загинало лице на кров од вагон