Сончево со малку облаци

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=9. Минималната температура утринава се движеше од 13 до 27 степени, додека дневната ќе биде меѓу 28 и 37 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура изнесуваше 17 степени, a дневната ќе достигне 36 степени.

Претходна вестКрадец од Скопје се заканувал дека ќе се самоповреди со штрафцигер, па нападнал полицаец
Следна вестДенес се празнува Светата маченица Марина – Огнена Марија, заштитничка на жената