На подрачјето на Македонија денеска претпладне во западните и северозападните делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд и умерена облачност која ќе се намалува. Во останатите делови преку денот ќе преовладува претежно сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а дневната од 14 до 25 степени.
Во Скопје претпладне со променлива облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 10 додека дневната ќе достигне 23 степени