Сончево со малку облаци и умерен ветер

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и се потопло време.

 

Претходна вестТрета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“,
Следна вестИсториска пресуда во САД: Доналд Трамп прогласен за виновен за поткуп на порно ѕвезда