Сончево со ретки облаци, температура до 34 степени

Сонцето уште утрово најавува топол ден. Метеоролозите птредвидуваат дека времето дененска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во западните делови на Македонија ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.

Претходна вестШилегов треба да е среќен што Универзална сала не може да си ги каже маките
Следна вестБез да сакаме одиме кон колективен имунитет, а не како стратешка цел