Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во повисоките периферни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.