СОНК не прифати зголемување на платите за 10 отсто, штрајкот продолжува

Членовите на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кои се вработени во основните, средните училишта и во граниките и утре ќе продолжат со штрајкот. Советот на СОНК на денешната седница одлучи да не го прифати предлогот на Владата, за 10 проценти покачување на платите со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.

На прес-конференцијата одржана попладне синдикалниот лидер Јаким Неделков објасни дека една од причините зошто овој предлог не е прифатен од СОНК, е зошто истиот бил предложен усно, а не во писмена форма. Од СОНК наведоа дека над 95 проценти од синдикалните организации на СОНК се изјасниле за отфрлање на дадената усна понуда.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција, за која информира државната агенција МИА, рече дека членовите на СОНК, реагираат на несериозниот пристап на надлежните.

-Тие скоро два месеца преговараат со претставници на СОНК, а реално не даваат никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од наша страна. Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот. Зголемувањето на платите од 10 проценти во детска заштита, основно и средно образование воопшто не кореспондира со висината на зголемување на минималната плата оваа година и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата, рече Неделков.

Претходна вестБугарската потпретседателка Јотова: Ние немаме малцинства во наша земја, па ни македонско
Следна вестДекларација од Семакедонскиот собор во спомен на Јане Сандански: Бугарија 60 години го дискриминира македонското малцинство