Сообраќајот низ државата е умерен, од следната недела внимавајте кај наплатните станици Петровец и Миладиновци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Кај наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци поставени се знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Тоа е најава за градежни активности кои ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.

Претходна вестПарното греење во Скопје од следната сезона ќе поевтини?
Следна вестГрција ги отвори плажите, посетите само со пријава преку смс – порака