Сообраќајот по важни коловози, на Табановце чекање од 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по на места влажни коловози со умерен интензитет.

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на сообраќајот и времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестВо Грција во училиште само со сертификат за ковид – вакцинирани, прележани и негативни
Следна вестАктивни шест пожари во земјава, спасот се гледа во дождот