Сообраќајка кај Дреново, возило излетало од патот

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај кавадаречкото село Дреново откако едно  возило излетало од патот и се превртело, потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци е на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес информираа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот  Кавадарци.

Според првичните информации, кавадаречките пожарникари се обидуваат да ослободат едно лице приклештено во возилото.

Претходна вестОсветлување на Археолошкиот музеј со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата-24 март
Следна вестНепречен сообраќај по влажни коловози