Сообраќајка кај Глумово, повредени четири лица, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско.

Полциијата соопшти дека во несреќата учествувале автомобил „Фолксваген голф“, кое побегнало и местото и „Ауди“ управувано од 27-годишната Б.Љ. од Скопје.

„Аудито“ излетало надвор од коловозот, а со тешки повреди се здобила 49-годишна сопатничка, додека Б.Љ. и двајца малолетници се здобиле со телесни повреди.

-Сите биле пренесени на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестСпасовски: Во програмата на новата власт нема нови, туку проекти што треба да се довршат
Следна вестМакедонец спаси давеник во морето кај Крф