Сообраќајка на „Цветан Димов“, тешко повредено едно лице

Скопјанец е тешко повреден во судир меѓу две возила што се случил вчера во скопската општина Чаир, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПендаровски: Внатрешните поделби се најголемиот проблем за напредок на државата
Следна вестПоранешниот голман на РК Вардар Арпад Штербик имал срцев удар