Украинец со привремен престој во Скопје со мотоцикл хонда излетал од коловозот. Несреќата се случила на регионалниот пат Свети Николе-Куманово.
– Вчера во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.