Сообраќајка во Прилеп, тешко повредена малолетничка

Малолетничка е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера во Прилеп, информира полицијата.

-Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „Мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Претходна вестСДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец
Следна вест„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Град Скопје