Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционира 188 возачи во Скопје поради сторени сообраќајни прекршоци.
Како што информираат од МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.