Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестСДСМ: Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ, да не дозволиме реприза со Силјановска
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже што договараше со Артан, Али и Ковачевски во вила Водно?