Сопственик на локал во Тетово нападнал вработен

Тетовец, сопственик на угостителски објект, физички нападнал еден од своите вработени, објави СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

– Триесет и седумгодишниот Н.С. од тетовско Палатица, вчера (21 декември) во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 20 минути бил физички нападнат од Ф.Ј.(44) од истото село, во чиј угостителски објект бил вработен, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од полицијата.

Претходна вестСо камион прегазена скопјанка
Следна вестВечерта на пречекот на Новата година на главниот скопски плоштад ќе пеат Блага Петреска, Сузана Гавазова, Слаткар, Дарио, Мерак меана…, празнична програма цели десетина дена