Состојба во ковид-центрите: 28 нови пациенти во Скопје и надеж дека мерките ќе дадат резултат

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 350 лица се лекуваат од ковид на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Инфективната клиника и на интерните клиники – по 10 и по 4 во ГОБ „8 Септември“ и во Козле.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 916 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека засега нема притисок врз болниците, се уште има капацитети, а мерките кои се на сила од вчера се надева дека ќе дадат резултати.

Претходна вестФилипче: Опозицијата преку неточни информации во медиумите сака да ја загрози вакцинацијата
Следна вестМу тргна на Судскиот совет – разрешена уште една судијка од друштвото „сваровски“