Состојба во ковид-центрите: Вкупно на лекување речиси 800 лица, 31 нов пациент во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 31 нови пациент поради компликации од корона вирусот.

Вкупниот број на лицата со ковид кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 303, од 795 колку што има во цела држава.

Во последното деноноќие, најмногу примеми имало во ГОБ „8 Септември“ – 15, и по 8 на Инфективната клиника и на интерните клиникии.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Најмногу пациенти има на Инфективната клиника – 90, потоа во ГОБ „„8 Септември“ 81, на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти и на ГАК има 3 хоспитализирани ковид – позитивни пациентки.

Од Министерството за здравство велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Претходна вестОд среда вакцинирање со руски вакцини – за Филипче и кинеските само што не дошле
Следна вестФилипче: Во ниеден град нема потреба од рестрикции – состојбата со ковид не е алармантна