Совет за безбедност: Лицата од Авганистан минале безбедносни проверки

Институциите ги направиле сите неопходни безбедносни проверки во врска со лицата кои во земјава се згрижени од Авганистан и за кои се изработени безбедносните протоколи за нивен престој во државата.

Ова е едниот заклучок од денешната седница на Советот за безбедност.

Во однос на втората точка, Советот за безбедност и предложи на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи.

-Имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен, се вели во соопштението по средбата.

Претходна вестРаботниците се плашат да пријават злоупотреби од газдите – тоа го прават само анонимно
Следна вестКичеец повеќе нема да може да користи олеснувања, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор