Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Штип ќе потпишат изјави со Северна, а потоа ќе се жалат

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Штип ќе го испочитуваат рокот што им е даден од Инспекторатот за локална самоуправа и свечените советнички изјави ќе ги потпишат со уставното име на државата. Но, потоа и ќе се жалат до второстепена комисија затоа што првичните изјави што ги потпишале со Република Македонија им се прогласени за неуставни, односно неважечки.

Ова денеска го најави Душко Иванов, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Штип, а целта е да не дојде ддо блокада на советот.

Опозициските советници од СДСМ и нивните коалициски партнери кои беа дојдени за седницата, откако го слушнаа ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ решија да не влегуваат во салата. А, таму беше само опозицискиот советник Зоран Костовски кој немаше верификуван мандат, а кому службите му понудија свечена изјава со старото име на државата, но тој одби да потпише.

Мнозинството во Советот денеска го изгласа ребалансот на буџетот и беа донесени одлуки за разрешувања и именувања на членови на управни одбори, како и за смена на директори на училишта и некои институции.

Претходна вестЗаев го направи првиот чекор – му понудил на Гаши разговори за влез во Влада
Следна вестБез вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци